347390733_630204722475187_4840625209140712210_n

Донесен новиот закон за стручно образование и обука во Република Северна Македонија

Općenito
Aneta Atanasovska, 26. Февруари 2025 14:07, последно ажурирано на 26. Февруари 2025 14:07

Усвојувањето на новиот Закон за стручно образование и обука во Република Северна Македонија означува нов почеток на стручното образование во земјава. Неговото спроведување ќе бара постојана посветеност од сите засегнати страни за да се обезбеди успех. Училиштата треба да прифаќаат нови промени, компаниите да бидат проактивни со споделување на новини во секторот со образовните парнери од јавниот сектор и активно да учествуваат и инвестираат во образованието, а носителите на политики да обезбедат континуирана поддршка за усовршување и нивно следење за подобрување. Воведувањето на дуалното образование е најголемата новина во законот. Овој пристап е комбинација помеѓу учењето во училиште и практична обука во реална компанија, со што учениците паралелно стекнуваат теоретско знаење и практично искуство. На овој начин, дуалното образование одговара на потребата за стекнување на вештини кои веднаш може да се применат на работното место во компанијата.

Со усогласување на образованието со потребите на занаетчиството, не само што ги подготвуваме учениците за вклучување на пазарот на трудот Овој закон претставува доказ за тоа што може да се постигне кога соработката меѓу приватниот и јавниот сектор ја водат реформата во образованието.

Тагови